Connect with us

Вести

Муцунски – Бауер: Проширувањето на ЕУ претставува геополитичка неопходност за стабилноста и безбедноста на Европа

Во рамки на работната посета на Виена, Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Бауер.

На средбата, како што сопшти МНР и НТ, станало збор за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата, при што министерот Муцунски информирал за напредокот во спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда.

Министерот Муцунски ја потврдил цврстата посветеност на Владата кон евроинтегративниот процес и спроведувањето на реформите.

Воедно, како што е наведено во соопштението била изразена благодарност за континуираната и силна поддршка од страна на Австрија, при што соговорниците се согласиле дека проширувањето на Европската Унија претставува геополитичка неопходност за стабилноста и безбедноста на европскиот континент.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2