Connect with us

Вести

Штокер: Време е да преземеме геополитичка одговорност и Македонија и целиот регион да ги закотвиме во нашето семејство – ЕУ

Вашата земја беше пример за целиот регион долго време и не сакаме овој напредок да се изгуби. Австрија и понатаму ќе биде еден од најголемите поддржувачи на вашиот пат кон ЕУ. Патот кон ЕУ е вистинскиот пат, оној што води кон трајна стабилност и просперитет – порача денеска австрискиот канцелар Кристијан Штокер на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна Штокер, пристапувањето мора да биде крајната цел на процесот и истите правила мора да важат за сите кандидати – без брзи и скратени патеки. Геополитичките влијанија и незвесноста, рече, имаа големо влијание поради што е многу важно да не се изгуби од вид Западен Балкан, особено сега.

– Проширувањето на ЕУ е најсилниот и најефикасен инструмент за мир, безбедност и просперитет. Шесте држави од Западен Балкан се парчињата што недостигаат во европскиот мозаик. Тука не станува збор само за алтруизам и личен интерес, туку и за проширување на европската безбедносна мрежа во нашето непосредно соседство. За да го унапредиме успешниот проект за проширување на ЕУ, сите треба да ги исполниме потребните задачи. Решението нема да дојде однадвор, ниту од Брисел ниту од Виена. Време е да ги оставиме зад себе разните гледишта и да преземеме геополитичка одговорност за доброто на нашата заедничка Европа. Овие дискусии не се одвиваат во вакуум. Агресијата на Русија врз Украина драматично го промени геополитичкиот пејзаж. Оваа ситуација остави влијание и врз Западен Балкан. Затоа најдбро ќе биде црвсто да се закотват Северна Макоднија и целиот регион во нашето семејство – ЕУ. Сега е моментот да размислуваме и да дејствуваме стратешки не само за Северна Македонија туку за целиот регион. Регионот не може да дозволи да го пропушти овој геополитички момент – нагласи австрискиот канцелар.

Тој информира дека на средбата со Мицкоски станало збор и за економската соработка.

– Нашите две земји се тесно поврзани, имаат извонредни билатерални односи на политичко, економско и на културно ниво, а дополнително се зајакнати од одлично интергираната македонска дијаспора, која брои 27.000 луѓе, кои го збогатуваат културниот живот во Австрија. Важно е нашето партнерство да го прошириме со нашата визија за европска иднина, што е од заеднички интерес. Ова важи и за економската сфера. Се гордеам што Австрија е најголемиот странски инвеститор со вкупно 1,3 милијарда евра инвестиции. И ние имаме полза од вашиот раст, парнетрството е од заеднички интерес. Над 50 австриски компании се присутни во Северна Македонија и вработуваат повеќе од 9.000 луѓе, главно во енергетиката, упрваувањето со отпад, банкарство, трговија, градежништво… – напомена австриксиот канцелар.

Штокер потенцира дека централната компонента на средбата бил токму економскиот дијалог. Потсети и дека земјата, заедно со другите држави од регионот, лани се приклучи кон СЕПА и воспостави поефикасни системи за гранична контрола.

– Високи претставници на бизнисот од двете земји ќе имаат директни разговори, а нашата задача како шефови на влади е да отвориме врати низ кои ќе поминат компаниите – истакна Штокер, кој оцени и дека Северна Македонија е високо ценет партнер во ограничувањето на нелегалната миграција.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3