Connect with us

Култура

Над 65 издавачи и повеќе од 150 активности најавени на Саемот за книгата во Скопје

Над 65 издавачи и повеќе од 150 активности беа најавени на годинашниот Саем за книга, на денешната прес-конференција на која Даниела Глигоровска, извршен директор, Сања Кондарко, оперативен директор на Саемот на книга и Бојан Саздов, претседател на Македонска асоцијација на издавачии (МАИ), информираа за тоа што е планирано.

Работното време на Саемот ќе биде од 10 до 20 часот од 23 април, четврток. Слоганот годинава е Отвори прозорец кон нови светови.

– Повеќе од 65 издавачи се присутни, арената ќе биде преполна. Најголем дел се македонски издавачки куќи, посебен штанд со дела ќе има и Министерството за култура на Србија. Над 150 програмски активности се очекуваат годинава како дел од Саемот на книгата во Скопје, соопшти Глигоровска.

Во четврток, на отворањето на Саемот на книгата, најавено е присуство и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

-Се очекува и годинава, како и претходни години, ЈСП – Скопје да има специјална линија за љубителите на пишаниот збор да може да го посетат Саемот на книгата. Програмата годинава е навистина импресивна, додаде Глигоровска.

Таа истакна дека Министерството за култура и туризам традиционално го поддржува Саемот за книга, што, нагласи, е многу значајно.

Кондарко рече дека програмските активности се за сите генерации. Ќе има и можност за разговори со македонски, како и странски автори. Најавена е и викенд – програма за деца. 

Саздов нагласи дека МАИ годинава слави 10 години од основањето. Тој се осврна на Фелоушип-програмата за 2026 година. Предвидена е и панел-дискусија за македонската книжевност, перспективи и можности. Како што беше соопштено, публиката и гостите ќе може да зборуваат на темата.

Саемот на книга во Скопје, годинава ќе биде свечено отворен в четврток, 23 април, од 13 часот. 

Од 16 часот, Државниот архив организира промоција на ,,Османлиски документи за историјата на Македонија, попис на христијанското население од Скопски Санџак, тетовска каза, 1838/1839 година” на доц. д-р Аднан Шериф.

Во петок, меѓу другото, предвидено е да се промовира ,,Македонски етимолошки речник”, том 1, во организација на ЈНУ Институт за македонски јазик Крсте Мисирков – Скопје. Институтот за национална историја, Скопје, организира промоција на ,,Политика на тутунскиот производство во вардарскиот дел на Македонија во меѓувоениот период – документи” од авторот Вера Гошева. Во петок ќе бидат свечено доделени наградите на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ).

На 26 април, недела, Државниот архив организира промоција на ,,Државен архив – столб на македонското битие” од доц. д-р Бранислав Светозаревиќ, јубилејна публикација.

Наредниот ден, понеделник, Институтот за национална историја, Скопје, е организатор на две промоции. Првата, чиј автор е Силвана Сидровска Чуповска, ,„Документи за црковно – просветната дејност на егсархијата во Македонија (1878-1912)”. Втората е од авторот Армен Жарноски, „Образовниот систем во Македонија за време на османлиското владеење”.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2