Connect with us

Култура

Македонскиот стрип промовиран во Хрватска

Томе Трајков  од Стрип центарот на Македонија – Велес промотор на македонскиот стрип и организатор на стрип настани, Александар Стеванов од Штип македонски стрип автор, стрип хроничар, сценарист на кратки стрипови,  кој се занимава и со летеринг дизајн и има искуства и со цртање го претставија македонскиот стрип на Фестивалот на стрип „Цртани Романи Шоу (CRS)“ во Загреб, Хрватска. На Фестивалот кој се одржа  од 17 до 19 април во Академијата на ликовни уметности македонските претставници одржале панел промоција на тема „Македонскиот стрип има минато, сегашност и иднина!“

Како што информира денеска Томе Трајков, фестивалот на којшто учествувале  е еден со најголема традиција и рејтинг во  регионот. Тој спаѓа во редот на „Комикони“  – големи стрип фестивали кои што се масовно посетени од публика, имаат солидно ниво и број на гости, видни имиња од светската стрип сцена што ја сочинуваа претставници на државите: Италија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Ирска , Германија, САД  и Франција.

– Присуството на нивни претставници беше доволен повод помеѓу публиката да има и бројни придружни манифестации како што се изложби, панел промоции, саем на стрипови со штандови, школи – работилници за цртање, косплеј-маскирање во супер херои, квизови, музички концерти и слично- појасни Трајков. 

Тој информира дека освен редовните обврски при присуството на овој фестивал престојот бил искорисен и за стекнување на организациони искуства за организирање стрип настани, а  кои ќе ги  применат во Македонија.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3