Connect with us

Вести

Министерот за трговија и интеграции на Казахстан, Арман Шакалиев, во работна посета на земјата

Министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, денеска престојува во работна посета на земјата – соопшти Министерствотот за надворешни работи и надворешна трговија.

Во рамките на посетата предвидено е министерот за надвореши работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски да оствари тет-а-тет средба со казахстанскиот министер по што ќе следува пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.

На средбата се очекува да се разговара за билатералните односи и за можностите за нивно интензивирање, со посебен акцент на економската и трговската соработка.

Како што соопшти МНРиНТ, Шакалиев ќе ја предводи делегација на бизнисмени од Казахстан, која ќе учествува на бизнис-форум со претставници на македонската деловна заедница.

На средбата се очекува да се разговара за билатералните односи и зџа можностите за нивно интензивирање, со посебен акцент на економската и трговската соработка.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4