Connect with us

Тенис

Рибакина триумфираше во Штутгарт, наградена со „Порше 911“

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина ја освои титулата на ВТА турнирот во Штутгарт, откако денеска во финалето ја победи Каролина Мучова (ВТА-12) од Чешка со 7-5, 6-1.

За наградата, втората светска тенисерка светот доби 160.000 евра и жолт спортски кабриолет „Порше 911 Карера“, што вреди приближно колку и наградниот фонд.

За Рибакина, која годинава победи на Австралија Опен, ова е втора титула во Штутгарт по 2024 година и 13-та во кариерата во која играше во 24 финалиња.

Мучова оваа недела победи две тенисерки од Топ 10 во светот, Американката Коко Гоф и Украинката Елина Свитолина, и ќе биде 11 на новата ВТА ранг-листа од понеделник.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1