Тенис
Ролан Гарос го зголеми наградниот фонд
Вкупниот награден фонд за вториот Грен слем сезонски турнир Ролан Гарос оваа година ќе изнесува 61,7 милиони евра, што е зголемување од 9,5 проценти во однос на лани и ќе биде распределен меѓу сите учесници, вклучувајќи 2,8 милиони евра за победниците во машка и женска конкуренција.
Како што соопштија денеска организаторите, распределбата на наградниот фонд се движи од 24.000 евра за пораз во првото коло од квалификациите во поединечна конкуренција до 2,8 милиони евра за победникот, во споредба со 2,5 милиони евра минатата година.
Пласманот во главниот турнир носи заработка од минимум 87.000 евра. Приближно 187.000 евра ќе инкасираат тенисерите во случај да бидат елиминирани во третото коло, а 750.000 евра за пораз во полуфиналето.
Ролан Гарос нуди поголем награден фонд од Отвореното првенство на Австралија (2,5 милиони евра), но помал од Вимблдон (3,4 милиони евра) и Отвореното првенство на САД (4,3 милиони евра).
Грен слемот во Париз ќе се игра од 24 мај до 7 јуни.
април 17, 2026

