Connect with us

Тенис

Алкараз за повлекувањето од турнирот во Барселона: Повредата е малку посериозна отколку што сите очекувавме

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз коментираше за неговото повлекување од турнирот во Барселона. Според светскиот рекет број два, неговата повреда била посериозна отколку што се очекуваше.

Во првото коло од турнирот, 22-годишникот го победи Финецот Ото Виртанен (6:4 и 6:2). За време на првиот сет, Шпанецот го повика физиотерапевтот на теренот поради болка во десната подлактица.

– Врз основа на денешните прегледи, можам да кажам дека повредата беше малку посериозна отколку што сите очекувавме. Треба да го слушам своето тело и да го правам она што е најдобро за мене за ова да не влијае на мојата иднина. Никогаш не сакам да се повлекувам од турнири, особено од овој. Треба да се вратам дома за да го започнам моето закрепнување што е можно поскоро со мојот тим, лекарите и физиотерапевтот, рече Алкараз на прес-конференција во Барселона.

Тенисерот вети дека ќе се врати во врвна форма што е можно поскоро за турнирите.

Во второто коло од турнирот во Барселона, Алкараз требаше да се соочи со Томаш Мачач. 

Чехот без борба обезбеди четвртфиналеќе каде ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Русинот Андреј Рубљов и Италијанецот Лоренцо Сонего. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3