Свет
Пахлави бара политички промени, вели дека нема вистинска промена во Иран
Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах кој живее во егзил во САД, повика на темелни политички промени во Иран.
„Се надеваме дека слободниот свет ќе разбере дека единственото решение, не само за нас туку и за нашите регионални соседи и за целиот свет, е овој режим да биде отстранет од власт“, изјави Пахлави во интервју за француската телевизија LCI.
Монархистичките групи го сметаат Пахлави за политички лидер на иранската опозиција, иако не е јасно колкава поддршка има во Иран.
Спротивно тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, Пахлави оцени дека нема вистинска политичка промена во Иран.
„Каква промена на режим? Тоа се истите луѓе, можеби ослабени. За нас, ова не е промена на режимот. Потребно е целосно да се раскине со сегашниот систем“, додаде Пахлави.
Тој ја критикуваше насилната репресија врз протестите во јануари, наведувајќи дека „пролеана е премногу крв“, и повика на „окончување на режимот“.
Пахлави оцени дека примирјето разочарало многу Иранци, но спеак изрази претпазлив оптимизам за можни политички промени. Според него, војната дополнително го ослабнала исламскиот владејачки систем и го изолирала на меѓународен план.
Иранската јавност поделена по однос договореното примирје. Кај населението преовладува чувство на олеснување поради прекинот на борбите, но отсуствува вистински оптимизам за иднината, постои недоверба дека примирјето ќе доведе до траен мир. Исламистичката власт во Иран го претставува примирјето како стратешка победа во конфронтирањето со САД и Израел.
април 9, 2026

