Connect with us

Тенис

Триумф на Ѓорческа на ВТА 125 турнирот во Мадрид

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина првата пречка на ВТА 125 турнирот во Мадрид откако денеска ја Јапонката Сара Саито со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) за 90 минути игра. Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Русинката Алина Корнеева (осма носителка), која со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3) ја победи Шпанката Марија Гарсија.

На стартот од денешниот меч Ѓорческа и Саито загубија по два гема на свој сервис, а потоа македонската тенисерка дојде до предност од 4:3. Саито намали на 5:4 во гемови, но во следниот гем Ѓорческа по 14 одиграни поени ја искористи четвртата брејк-топка и поведе со 1:0 во сетови. Во следниот сет до 3:2 за Ѓорческа немаше брејк, а потоа во следните пет гема ниту една тенисерка не успеа да освои гем на свој сервис, а притоа Ѓорческа на свој сервис во деветтиот гем не ја реализираше првата меч топка. Но, во последниот гем на сервис на противничката на сигурен начин дојде до потребниот гем и го доби и вториот сет со 6:4.

Наградниот фонд на турнирот е 100.000 евра.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2