Connect with us

Филм

Шерон Стоун проговори за најдобриот партнер за бакнување на филм

Американската глумица Шерон Стоун, во текот на својата кариера, глумела во најмалку 63 филмови, а можеби најпознатите романтични улоги ѝ се оние со Мајкл Даглас во „Ниски страсти“ (Basic Instinct), Вилијам – Били Болдвин во „Сливер“ (Sliver), Силвестер Сталоне во „Специјалист“ и co Роберт де Ниро и Џо Пеши во „Казино“. Неодамна, таа откри кого го смета за најдобар партнер за бакнување во Холивуд и филмската индустрија, објави „Јунилад“ (Unilad).

Глумицата денес не е во најдобри односи со Болдвин, откако таа тврдеше дека продуцентот на филмот „Сливер“ наводно ѝ предложил да спие со нејзиниот колега, за неговата глума да биде подобра… Болдвин подоцна одговори на нејзините „провокативни“ изјави, посочувајќи дека таа „сè уште е вљубена во него по сите овие години“, како и дека „сè уште е повредена зашто ги одбил сите нејзини додворувања“.

Сепак, во радиоемисијата „Сириус-екс-ем“ (SiriusXM) на Енди Коен, Шерон Стоун не го именуваше Болдвин како нејзин „најдобар бакнувач“ на филм. Но, друг актер „ја нокаутирал“ со бакнеж – тоа е Роберт де Ниро.

– О, Боже. Тој е најдобриот „бакнувач“… Се сеќавам на денот кога ја снимавме сцената каде што морам да одам во тоалет и, бидејќи играм измамник, го натерав да ми даде пари за да одам во тоалет. Ме погледна, и ми извади 100 долари, а потоа се наведнав и го бакнав. И, тој навистина ме собори, рече таа.

Стоун и Де Ниро глумеа во филмот „Казино“ од 1995 година. Тој „страстен миг“ меѓу двајцата актери, наводно, го оставил без зборови дури и режисерот Мартин Скорсезе. Иако го добил кадарот што го сакал, предложил да снимат уште еден, бидејќи „двајцата, изгледа, премногу уживале“ во таа сцена.

– Марти извика: „Стоп“, нè погледна и рече: „Мислам дека имаме сцена, но дали би сакале да направиме уште еден кадар?“ се присети Стоун. – И двајцата го погледнавме и рековме: „Да, мислам дека можеби ќе ни треба уште еден кадар“…

Актерката отсекогаш зборувала со пофалби за Де Ниро, нарекувајќи ја работата со него – „искуство што го менува животот“. – Мислам дека научив повеќе од работата со Роберт де Ниро отколку што, веројатно, научив во целата моја кариера, изјави таа во друга прилика претходно.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3