Connect with us

Тенис

Пол го освои трофејот на турнирот во Хјустон

Американскиот тенисер Томи Пол го победи Аргентинецот Роман Андрес Буручага синоќа во финалето на турнирот во Хјустон. 

За два часа и 42 минути игра, Пол стигна до победата со резултат 6:1, 3:6 и 7:5.

Дваесет и седумгодишниот Пол (рангиран број 21 во светот) сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше пет од 16 брејк топки. 

Неговиот 24-годишен противник (рангиран 77-ми во светот) погоди еден ас, три двојни грешки и реализираше три брејк топки (од 16).

Ова беше петта титула во кариерата на Пол. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4