Connect with us

Тенис

Пол преку Тијафо до финалето на турнирот во Хјустон

Американскиот тенисер Томи Пол синоќа го победи сонародникот Франсес Тијафо во полуфиналето на турнирот во Хјустон.

Мечот траеше 2 часа и 47 минути и заврши со резултат 7:5, 4:6, 7:6 (9:7).

Дваесет и осумгодишниот Тијафо (рангиран број 18 во светот) сервираше четири аса, не направи двојни грешки и ги реализираше сите три брејк топки.

Неговиот 28-годишен противник (рангиран на 21-то место во светот) имаше 14 аса, нула двојни грешки и реализираше три од седум брејк топки.

Противник на Пол во финалето (вечер од 21 часот)  ќе биде Аргентинецот Роман Андрес Буручага.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3