Connect with us

Фудбал

Манчестер сити го декласира Ливерпул и се пласираше во полуфиналето на ФА купот

Манчестер сити го победи Ливерпул со 4:0 дома попладнево во четвртфиналето на ФА купот.

Ерлинг Халанд постигна хет-трик за „Граѓаните“. Норвежанецот реализираше пенал во 39. минута, а исто така постигна голови од игра во 45. и 57. минута. Антоан Семењо, исто така, постигна гол во 50. минута.

Ливерпул имаше шанса да постигне гол во 64. минута, но Мохамед Салах промаши пенал.

Манчестер Сити стана прв полуфиналист во ФА Купот.

Другите три двојки во четвртфиналето се:

Челзи – Порт Вејл

Саутемптон – Арсенал

Вест Хем – Лидс.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1