Фудбал
Еден загинат и 47 повредени при уривање на фудбалскиот стадион во Лима
Едно лице загина, а 47 се повредени откако се урна дел од фудбалски стадион во перуанскиот главен град Лима, соопшти Министерство за здравство на Перу.
Спасувачите однеле 47 повредени лица, вклучувајќи и едно дете, во разни болници.
Јавното обвинителство за економски криминал на Перу на платформата X објави дека се испитуваат околностите кои довеле до несреќата. Обезбедени се снимки од безбедносните камери и земени изјави од сведоци.
Засега не е јасно што го преизвикало уривањето на стадионот „Алехандро Вилануева“.
Според извештајот на дневниот весник „Ел Комерсио“, пред уривањето навивачите на клубот Алијанза Лима се собрале на стадионот за да го проследат натпреварот на нивниот тим против Клуб Универзитерио
април 4, 2026
