Connect with us

Тенис

Синер уште еднаш подобар од Зверев за финале во Мајами

Италијанскиот тенисер Јаник Синер во само две недели успеа да постигне две победи против Германецот Александер Зверев на Мастерс турнирите. На турнирот во Мајами синоќа во полуфинале го победи со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6(4)). Ова беше негова 11.та победа во серија и сега против Зверев има скор од 8-4 во победи.

За вториот носител Синер сега останува уште финалниот меч и со евентуална победа ќе стане првиот тенисер по Рожер Федерер, кој успеал да победи на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами или познати како „Саншајн дабл“.

Негов противник во финалето кое се игра во недела ќе му биде Јиржи Лехечка од Чешка, кој во првото полуфинале го совлада Французинот Артур Филс со 2:0 во сетови (6:2 и 6:2). Трите меѓусебни меча меѓу Синер и Лехечка ги има добиено италијанскиот тенисер, кој со нова победа ќе го намали заостанувањето во однос на првиот светски тенисер Карлос Алкараз.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3