Connect with us

Култура

Објавена книгата „Трамвај во недела“ од Трајче Кацаров

Книгоиздавателството „Панили“ ја објави новата прозна книга на Трајче Кацаров – романот во раскази „Трамвај во недела“.

Како што информира издавачот, со своите книги објавени последниве неколку години Кацаров промовира исклучително интересна поетика во македонската проза, „во којашто се остварува спој на автобиографското, хуморот, приказната како предизвик, а со тоа и наратологијата, но и личното, обемно книжевно искуство на овој истакнат писател, вклучително и на теренот на драмата“.

– Велат дека смешното доаѓа од големата желба за живот. Излегува дека мојата голема желба да живеам – да се радувам, насладувам, да  љубам, не ме прави ништо друго освен смешен. Не можам да им кажам на мртвите, зашто тие и да ме слушнат и веруваат само на гласовите на смртта, затоа пак можам јасно и гласно да им кажам на живите: „На планетата лудница за другите планети во галаксијата, светот не е ништо друго освен смешен!“ Драг читателу на  овој, ако може да се нарече,  роман во раскази, доколку од  животните прилики на раманескните ликови не забележите дека и вашето воспитание, образование, вашите емоционални изливи  и љубовта, не се смешни, сте заглавиле во неизлечива досада. Прочитајте, па дознајте, порачува авторот  Кацаров.

„Трамвај во недела“ е достапна во книжарниците на „Матица македонска“ и на нејзината веб-страница. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4