Тенис
Филс го победи Пол и се пласира во полуфиналето на турнирот во Мајами
Францускиот тенисер Артур Филс ноќеска го победи Американецот Томи Пол во четвртфиналето на турнирот во Мајами.
Мечот траеше 2 часа и 49 минути и заврши со резултат 6:7 (3:4), 7:6 (7:4) и 7:6 (8:6).
Филс сервираше 10 аса, направи две двојни грешки и не реализираше ниту една брејк топка.
Пол сервираше шест аса, не направи ниту една двојна грешка и не реализираше ниту една од своите шест брејк топки.
Во полуфиналето, 21-годишниот Филс ќе се соочи со Чехот Јиржи Легечка.
март 27, 2026

