Connect with us

Култура

Во Виница отворена изложбата на дела од 33. Лесновска ликовна колонија

Во галеријата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница отворена е ликовна изложба на дела работени во текот на 33. Лесновска ликовна колонија, која и овој пат имаше меѓународен карактер.

Пред присутниуте зборуваше Марија Трајчева, претставник на ДК „Злетовски рудар“, локална установа од културата која ја организира Лесновската ликовна колонија од 1992 година па наваму, без никаков прекин.

Во галеријата на ДК „Тошо Арсов“ е изложена поставка од дваесетина слики на 13 автори од земјава и странство, создадени во јули минатата година во Лесново и околината. Изложбата не е тематска, сликарите твореле по сопствен избор.

Сликите од 33. Лесновска ликовна колонија во Виница ќе бидат изложени до 15 април, а галеријата е отворена за посети секој работен ден од 8 до 15 часот.

Изложбата е реализирана во рамките на проектот „Преземање на изложби за локални установи“, финансиран од Министерството за култура и туризам.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4