Connect with us

Филм

Трејлерот на „Спајдермен 4“ надмина милијарда прегледи

Филмот „Спајдермен: Сосема нов ден“ (Spider-Man: Brand New Day) веќе пишува историја, па така, најновиот доказ за неговата популарност говори за рекордните бројки на гледаност на неговиот трејлер.

Продукцијата на „Сони“ го објави трејлерот за новата авантура на Спајдермен (вкупно 38-ми филм од суперхеројскиот бренд на „Марвел“, а четврти со Том Холанд во главната улога), на 17 март. За само четири дена, видеото достигна милијарда прегледи (на сите видеоплатформи), што го чини првиот филмски трејлер во историјата што го достигна тој број. Во мигов, најавното видео има 1,1 милијарда прегледи, што дополнително му го зацврстува статусот на најгледан трејлер на сите времиња.

Премиерата на филмот е закажана за 31 јули.

Покрај Холанд, во новиот филм повторно глуми и Зендеја, а свои улоги имаат и Сејди Синк, Џејкоб Баталон, Џон Бернтал, Трамел Тилман, Мајкл Мандо и Марк Рафало. Дестин Даниел Кретон го режира филмот, додека сценариото е на Крис Меккена и Ерик Сомерс. Филмот е продуциран од Кевин Фајџ, Ејми Паскал, Ави Арад и Рејчел О’Конор, а извршни продуценти се Луис Д’Еспозито и Дејвид Кејн.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3