Тенис
Одредени се четвртфиналните двојки на Мастерсот во Мајами
Формирани се четвртфиналните двојки во женска конкуренција на ВТА 1000 турнирот во Мајами, САД.
Актуелната шампионка Арина Сабаленка синоќа ја победи Кинезинката Женг Кинвен (6:3, 6:4) во четвртото коло. Во четвртфиналето, светската тенисерка број еден ќе се соочи со Американката Хејли Баптист.
Четвртфинални парови на турнирот во Мајами:
Арина Сабаленка (Белорусија) – Хејли Баптист (САД)
Елена Рибакина (Казахстан) – Џесика Пегула (САД)
Белинда Бенчиќ (Швајцарија) – Коко Гоф (САД)
Викторија Мбоко (Канада) – Каролина Мучова (Чешка).
Четвртфиналните натпревари ќе се одржат денес и утре.
март 24, 2026

