Connect with us

Култура

Националниот џез-оркестар ќе го изведе најновиот проект на американскиот композитор и диригент Мајк Холобер

Националниот џез-оркестар, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе го изведе најновиот проект на американскиот композитор и диригент Мајк Холобер, This Rock We’re On: Imaginary Letters, под диригентство на самиот автор.

– Холобер е еден од најзначајните современи џез-композитори и аранжери, препознатлив по својата виртуозност, изразена оркестарска визија и длабока музичка чувствителност. Неговиот проект This Rock We’re On: Imaginary Letters е оценет како монументално ремек-дело и мајсторска лекција по композиција за џез-оркестар. Во ова дело авторот создава впечатлив спој на два музички света – суптилната естетика на современата класична музика и моќната, динамична енергија на биг-бенд звукот – наведуваат од Националниот џез-оркестар.

Концертот ќе биде збогатен со настапите на солистите Андријана Јаневска – вокал, Кирил Јосифов – виолончело, Влатко Нушев – вибрафон и перкусии.

– Делото претставува длабока уметничка рефлексија за убавината на природата и судбината на планетата, конципирано како циклус од замислени писма посветени на писатели, уметници и активисти, кои својот живот го посветиле на восхит и грижа за нашата планета. Секое писмо е проследено со инструментална оркестарска интерпретација, што ја продлабочува и музички ја отсликува неговата поетска и емоционална димензија – посочуваат од Националниот џез-оркестар.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2