Формула 1
Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1
Неизвесно е одржувањето на трките во формула 1 во Бахреин и во Саудиска Арабија поради војната на Блискиот исток меѓу Израел и САД против Иран. Трката во Бахреин треба да се одржи викендот од 10-12.април, а во Саудиска Арабија една седмица подоцна.
Бахреин и Саудиска Арабија со почетокот на војната се на мета на иранските проектили и напади. Во главниот град на Бахреин, Манама беше погодена и оштетена американската база. При овој напад оштетени се делови од енергетската и цивилната инфраструктура, а и одредени хотели.
До одржувањето на трката во Бахреин остануваат уште пет недели, а раководството на Ф1 за десетина дена ќе одлучи дали двете трки ќе се одржат.
март 7, 2026

