Култура
Националниот ансамбл „Танец“ најавува Велигденски концерт во МНТ
Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ најавува традиционален Велигденски концерт под насловот „Велигденско празнување“, кој ќе се одржи на 8 април 2026 година во Македонскиот народен театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот.
Концертот, како што информираат од „Танец“ е дел од новата концертна сезона со мотото „Пулсот на предците во ритамот на денешницата“ и ќе претстави програма која ги поврзува вековното наследство и современиот уметнички израз.

Публиката ќе има можност да види безвременски кореографии, настапи на хор и солисти, како и раскош на македонски народни носии, секоја со своја приказна.
Билетите се достапни на билетарницата на Македонскиот народен театар и онлајн преку официјалната мрежа на театарот.
Концертот има за цел да ја прослави традицијата и културното наследство на Македонија, презентирано од професионалните уметници на „Танец“.
март 6, 2026

