Култура
Mарт во МОБ: Изберете претстава во март и доживејте уметност што долго се памети
Март во Македонската опера и балет е покана да застанете, да здивнете и да си подарите вечер исполнета со емоција, музика и сценска магија.
Под мотото #МартВоМОБ, овој месец нуди три исклучителни настани што ја слават уметноста во нејзината најсилна форма и ја претвораат секоја вечер во искуство што останува долго во сеќавањето.
На 6 март, „Тоска“ нè води во драматичен свет каде љубовта, страста и борбата за слобода се испреплетуваат со моќната музика на Пучини. Ова е опера што не остава простор за рамнодушност и ја држи публиката во неизвесност до последниот момент.
Билети за „Тоска“ — https://t.ly/Toska06.03.26
На 13 март, „Мадам Батерфлај“ носи длабоко трогателна приказна за љубовта, надежта и жртвата, со емоционална сила што допира до секое срце. Ова ремек-дело е едно од најбараните во оперската литература и секоја изведба е вистински уметнички празник.
Билети за „Мадам Батерфлај“ — https://t.ly/Madama.Butterfly13.03.26
На 28 март, ќе се изведе Премиера на „Оревокршачка“ и ќе ја исполни сцената со волшебство, убавина и музика што ги воодушевува сите генерации. Балетот носи фантазија и радост, создавајќи атмосфера што се чувствува од првиот до последниот аплауз.
Билети за Премиерата на „Оревокршачка“ — https://t.ly/Oravokrsacka28.03.26
Без разлика дали сте љубител на опера, балет или едноставно ја цените културата, #МартВоМОБ е можност да ја доживеете уметноста во живо и да создадете спомени на кои долго ќе се сеќавате.
март 2, 2026

