Култура
„Чекори што не згаснуваат“ – концерт на ансамблот „Танец“ во чест на игроорецот Симеон Чулев
„Чекори што не згаснуваат“ е насловот на концертот на ансамблот „Танец“ во чест на игроорецот Симеон Чулев, кој почина неодамна. Концертот ќе се одржи вечерва од 19.30 часот во Македонскиот народен театар.
– Оваа незаборавна вечер е посветена на ликот и делото на Симеон Чулев, кој замина прерано. Настанот ќе нè поведе низ емотивна музичка ретроспектива и славење на трајните вредности што тој ги остави зад себе. Велат дека игроорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл, тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено „Аирлија!“ зад сцената. Со својата посветеност, ведриот дух и со неизмерната љубов кон татковината тој остави трага што времето не може да ја избрише – соопшти „Танец“.
февруари 27, 2026

