Здравје
Истражување: Откриен ген кој ја намалува желбата за цигари
Истражување објавено во научното Нејчр Комјуникешнс (Nature Communications) откри дека специфична генетска варијанта на генот ЦХРНБ3 (CHRNB3) може значително да ја намали желбата за цигари. Оваа варијанта влијае на β3 потединицата на никотинските ацетилхолински рецептори, кои се клучни за наградувачките ефекти на пушењето врз мозокот, пренесува порталот Траст мај сајанс (Trust my science).
Истажувањето е направено врз на 37.897 активни пушачи во Мексико. Преку анализите е откриена варијанта на генот ЦХРНБ3 (CHRNB3), кој кодира β3 потединица на нАЦХР (nAChR) рецепторите. Лицата со една копија од оваа варијанта пушат околу 21% помалку, а оние со две копии дури 78% помалку цигари. Варијантата е почеста кај луѓе со мексиканско потекло, но слични резултати се забележани и кај околу 130.000 лица со европско потекло и 180.000 лица со источноазијско потекло
Истражувачите велат дека инхибицијата на β3 потединицата би можела да претставува нова терапевтска стратегија за лекување на зависноста од никотин. Резултатите исто така ја истакнуваат потребата од понатамошни испитувања, вклучувајќи геномска анализа на поголеми и мултиетнички групи со заеднички карактеристики, за точно утврдување на поврзаноста помеѓу овие генетски варијанти и зависноста од тутун. Според експертите овие откритија отвораат можност за развој на нови терапевтски пристапи кои би можеле да помогнат во намалување на застапеноста од пушењето во светски рамки.
февруари 25, 2026

