Кошарка
Хапоел Тел Авив со поддршка за тренерот Итудис
Евролигашот Хапоел Тел Авив му даде поддршка на тренерот Димитрис Итудис и нема да добие отказ, иако екипата е во серија на лоши резултати. Покрај Итудис и комплетниот стручен штаб доби доверба.
Хапоел Тел Авив, претрпе пораз во израелската лига од Хапоел Ерусалим, а потоа бил одржан состанок меѓу тренерот, стручниот штаб и сопственикот на клубот.
Според информациите од израелските медиуми Итудис добил целосна поддршка и дека од клубот очекуваат токму тој да го извлече тимот од кризата.
Хапоел има серија од четири порази во Евролигата и се наоѓаат на петтото место со скор 16-10 (победи-порази), или Хапоел има само една победа на последните седум натпревари.
февруари 10, 2026

