Connect with us

Тенис

Ѓорческа го предаде полуфиналето во вториот сет на ИТФ турнирот во Порто

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорџеска го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот Порто 50 против Американката Флона Кроули од САД во вториот сет при водство на противничката од 1:0 во сетови и предност од 3:0 во гемови во вториот сет.

Ѓорческа многу добро го почна мечот и поведе со 3:0 во првиот сет, но ривалката успеа да стигне до изедначување од 4:4, а потоа и 5:5. Серијата на освоени гемови за Кроули продолжи и таа го доби сетот со 7:5.

Во следниот сет Американката поведе со 3:0 во гемови, а Ѓорческа потоа го предаде мечот.

И покрај поразот во денешното полуфинале Ѓорческа ја очекува скок на ВТА ранг-листата, а следен настап по двата ИТФ турнира во Порто, треба да го има во Франција на ВТА тур.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2