Connect with us

Тенис

Италија повторно без Синер

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да биде од церемонијата на свеченото отворање на Зимските олимписки игри Милано Кортина. Информациите беа дека можно е Синер да биде еден од носителите и на олимпискиот факел, сепак тоа нема да се случи.

Тој е решен да се придржува до својот тренинг план и да се подготвува за настапот на АТП 500 турнирот во Доха, што почнува следната недела.

Синер беше назначен за амбасадор на волонтерите на Олимписките игри, но по поразот во полуфиналето на Австралија опен од Новак Ѓоковиќ, даде до знаење дека тешко дека ќе присуствува во Милано на отворањето.

Сега се поставува прашањето како ќе реагира италијанската јавност на овој потег на Синер, ако се знае дека минатата есен го откажа настапот во Дејвис купот.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1