Connect with us

Тенис

Стартна победа на Ѓорческа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот од серијата 50 во Порто, откако денеска ја победи Швајцарката Илена Ин-Албион со 2-0 во сетови, за 76 минути игра.

Во првиот сет, македонската тенисерка направи два брејка во шестиот и во осмиот гем и првиот сет го доби со 6:2 во гемови. Вториот сет имаше поинаков тек, а ривалката направи брејк во третиот гем и поведе со 2:1, но Ѓорческа потоа имаше серија од четири освоени гема за водство од 5:2 и сетот го доби со 6:3.

Во следното коло на турнирот во Порто што се игра за награден фонд од 40.000 долари, Ѓорческа ќе игра против Германката Настасја Шунк, која со 2-0 во сетови (6-2, 6-1) ја совлада Португалката Миља Секуеира. Дуелот е на програмата в четврток.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4