Connect with us

Вести

Минчев: Информацискиот систем за управување со човечки ресурси носи транспарентност и буџетски заштеди

Министерот за јавна администрација Горан Минчев се обрати на седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на која го истакна значењето на Информацискиот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) како единствен, централен и задолжителен систем за сите институции во јавниот сектор, вклучително и општините и јавните установи – информираат од Министерството.

Минчев истакнал дека ИСУЧР не е уште еден информатички проект, туку темелна реформа, која обезбедува законита пресметка на платите, транспарентност и реална контрола на јавните трошоци.

Тој информирал дека Владата донела одлуки со кои ИСУЧР станува единствениот извор на податоци за вработените и за пресметка на платите, при што државата првпат стекнала сопственост врз изворниот код на системот, со што се обезбедува долгорочна стабилност и целосна контрола.

Министерот нагласил и дека со користењето еден унифициран систем се остваруваат значителни буџетски заштеди и на централно и на локално ниво преку укинување паралелни софтверски решенија и дополнителни трошоци.

Министерството за јавна администрација, велат од таму, обезбедува континуирана поддршка и обуки за институциите.

– Приклучувањето кон ИСУЧР не е прашање на избор, туку на одговорност и заштита на јавните финансии – порачал Минчев нагласувајќи ја клучната улога на ЗЕЛС како партнер во реформата. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1