Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40% зголемување на платите во следните 2 години на штета на работниците а по партиски диктат на СДС, ДУИ и Левица

Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица.

ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците.

Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците.

ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.

Трендафилов е политичка марионета на СДС, а доказ за тоа е што договорот кој тој лично заедно со екс министерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.

Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.

Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците.

Трендафилов е политичка марионета на СДС, ДУИ и Левица.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3