Connect with us

Култура

Македонската филхармонија премиерно ја изведува „Вооружениот човек“ од Карл Џенкинс

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер со почеток во 20 часот премиерно ќе го изведе вокално-инструменталното дело „Вооружениот човек“ (миса за мир) од британскиот композитор Карл Џенкинс. Диригент е Сашо Татарчевски, настапува и хорот „Про Aрс“, а како солисти ќе настапат Мартина Георгиевска, Ана Ценевска Мучева, Емили Христоска, Исабела Димовска, Дејан Симоски, Мартин Блажевски и Месут Куртис.  

„Вооружениот човек: Миса за мир“ на Карл Џенкинс е антивоено музичко дело што ја надминува традиционалната католичка миса, комбинирајќи духовност, историја и универзална порака за мир преку текстови и мотиви од различни култури и религии.

Либретото вклучува традиционални латински текстови (Kyrie, Sanctus, Agnus Dei, Benedictus), муслимански повик на молитва (Adhan), библиски текстови (Псалмите и Откровението), Махабхарата, како и стихови од Радјард Киплинг, Алфред Лорд Тенисон и Санкичи Тоге. 

Сашо Татарчевски е најактивниот и најнаградуваниот македонски диригент, кој речиси три децении интензивно работи на македонската музичка сцена. 

Професионалниот хор „Про Арс“ е формиран во 2011 година од диригентот Татарчевски.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1