Connect with us

Тенис

Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако денеска го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп (АТП-75), во три сета со 6:3, 6:4, 7:6, за два часа и 46 минути.

Четвртиот тенисер во светот, го доби првиот сет со брејк во четвртиот гем, а потоа го почна вториот сет со водство од 3:0.

Ван де Зандшулп побара медицински тајм-аут поради проблем со десното рамо, а во следниот гем успеа да му го одземе сервисот на Ѓоковиќ. Сепак, српскиот тенисер на крајот го доби вториот сет со 6:4.

Холандскиот тенисер играше многу подобро во третиот сет. Во третиот гем, Ѓоковиќ побара медицински тајм-аут поради проблеми со десниот глужд, додека Ван де Зандшулп доби брејк во следниот гем и поведе со 3:1.

Ѓоковиќ возврати со брејк во петтиот гем и откако го одбрани сервисот при негатива од 4:5 и 5:6, победи со 7:4 во тај-брејкот за пласман во осминафиналето, со својата 400. победа на грен слем турнирите.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде победникот од дуелот помеѓу Чехот Јакуб Меншик (АТП-17) и Американецот Итан Квин (АТП-80).

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3