Филм
Ѕвезда на „Сексот и градот“ откри незгоден момент од снимањето: „Беше навистина непријатно“

Актерката Кристин Дејвис, најпозната по улогата на Шарлот во култната серија Сексот и градот, се присети на еден од најнепријатните моменти што ѝ се случиле на сетот – пред целата продукциска екипа.
Во најновата епизода од нејзиниот подкаст Are You a Charlotte?, 60-годишната актерка отворено зборуваше за случка зад камерите од епизодата „The Chicken Dance“, која беше емитувана уште во 1999 година.
„Беше понижувачки“
Сцената се одвивала на венчавка, каде Шарлот игра со таткото на маж со кој кратко била во врска. Но, актерот што го играл тој лик, според режисерката Викторија Хохберг, не бил доволно „страстен“ во кадарот – па следело нешто што Дејвис никогаш не го заборавила.
„Беше многу далеку, но како да имаше мегафон. Викала: ’Посилно, уште посилно, фати ѝ ја задницата, ФАТИ Ѝ ЈА ЗАДНИЦАТА!‘ Јас помислив: ’Ова е вистински понижувачки‘“, раскажа Кристин.
„Сите беа како зомби“
Сцената се снимала доцна ноќе, кога целиот тим веќе бил исцрпен.
„Сите беа како зомби. Снимавме со часови. Половина екипа лежеше покрај ѕид, надвор од кадар. Беа на подот. Помислив: ’Боже, јадни луѓе‘“, вели таа.
„Бев навистина бесна – и тоа се гледа“
Актерката призна дека сцената ја оставила фрустрирана и посрамотена.
„На крајот од сцената бев вистински бесна. И тоа се гледа. Кога ликот Мартин ѝ вели нешто на Шарлот – тоа е моето вистинско, лутo лице. Ониe што ја гледале серијата, знаат на што мислам.“
„Мразев што тој човек мораше да ме фати за задник. Тоа навистина ме понижи“, додаде Дејвис.
Во подкастот заклучила дека снимањето на „Сексот и градот“ било исклучително напорно:
„Се сеќавам дека тогаш си реков – ова е луда серија. Снимаме по 24 часа, сè е хаотично, сите се исцрпени.“
август 4, 2025