Култура
Министерот Љутков на отворањето на Меѓународниот саем на туризам „ФИТУР 2026“ во Мадрид
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во работна посета на Кралството Шпанија, денеска во Мадрид присуствуваше на свеченото отвoрање на 46. Меѓународен саем на туризам „ФИТУР 2026“.
На саемот „ФИТУР 2026“ во Мадрид Македонија учествува со национален штанд, со кој од 21 до 25 јануари земјата се промовира како автентична туристичка дестинација, со посебен акцент на културниот туризам, еногастро туризмот и одржливите форми на туризам.

– Саемот, кој ќе трае до 25 јануари, го отворија шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција. На отворањето присустваа и координаторот за туризам во Владата на Република Македонија, Акан Махмут, и македонскиот амбасадор во Кралството Шпанија, Едмонд Адеми. На оваа највлијателна глобална туристичка платформа што ги поврзува пазарите и дестинациите, со силен фокус на одржливост, иновации и дигитализација, оваа година учествуваат над 9500 компании од 156 земји, со 155 000 акредитирани професионалци и околу 100 000 посетители од пошироката јавност, што ја потврдува водечката улога на овој саем за глобалниот туристички сектор, соопшти Министерството за култура и туризам.

Во рамки на посетата на Мадрид, министерот Љутков оствари средби со Шаика Aл Нoваис, генерален секретар за туризам на Обединетите нации, и со Фуад Нагхијев, директор на Државната агенција за туризам на Азербејџан.
-На средбите министерот Љутков информираше за резултатите во туризмот во изминатите години, како и за плановите за оваа година, се наведува во соопштението.
јануари 23, 2026


