Connect with us

Тенис

Сабаленка за облеката на Осака: Би сакала и Најк да ми дозволи да правам вакви работи

Првиот светски рекет, Арина Сабаленка искажа пофални зборови за облеката што ја носеше Наоми Осака во првото коло на Отвореното првенство на Австралија.

– Убавината на модата е во тоа што можете да се изразите. И тоа е прилично слободен свет – нема осудување, само различни перспективи. Облеката на Наоми совршено го изразува нејзиниот карактер, нејзината култура и многу повеќе. Беше кул. Би сакала и Најк да ми дозволи да правам вакви работи. Не оваа година, но работиме на тоа. Би сакала да излезам како да сум на црвениот тепих. Ќе смислам нешто за следната година, рече Сабаленка на прес-конференција.

Дваесет и осумгодишната Осака на својот прв натпревар на Грен слемот во Мелбурн излезе на централниот терен на арената „Род Лејвер“ со бел чадор во рацете. Лицето ѝ беше делумно покриено со бел превез, кој паѓаше преку широка шапка. Креацијата ја комплетираше со комбинација од сино-бел фустан со набори и нејзиниот препознатлив мотив на пеперутки. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3