Connect with us

Филм

Холивуд во 2026 со рекорден број продолженија и преработки : Дури 37 познати наслови се враќаат на големото платно

Холивуд во 2026 година очигледно игра на сигурно. Дури 37 филмски продолженија, преработки, ребутови и приквели се најавени за оваа година, носејќи ги назад на големото платно некои од најпознатите и најомилени ликови, меѓу кои Спајдермен, Баз Лајтјер, Миранда Пристли и јунаците од „Одмаздниците“. Филмската индустрија, соочена со зголемени трошоци и неизвесна заработка, сè почесто се потпира на проверени франшизи и наслови со силна носталгична вредност. Како што пишува Алтимејт Класик Рок (Ultimate Classic Rock), токму таквите проекти ќе доминираат и во кината и на стриминг-платформите во текот на годината.

Годината започна со премиерите: „Гренланд 2: Миграција“ („Greenland 2: Migration“) и „28 години подоцна: Храм на коските“ („28 Years Later: The Bone Temple“), додека понатаму следуваат и нови продолженија на Сајлент Хил („Silent Hill“), „Непознати/чудни луѓе“ („The Strangers“) и „Крик“ („Scream“).

Пролетта носи нова верзија на класикот Невестата на Франкенштајн („The Bride of Frankenstein“), во режија на Меги Џиленхол, како и продолжението на хорор комедијата „Спремни или не“ („Ready or Not“). За помладата публика е најавен Супер Марио: Галакси“ („The Super Mario Galaxy Movie“), додека љубителите на хоророт ќе добијат нова интерпретација на „Мумијата“ („The Mummy“), додека пак, мај е резервиран за враќањето на модната драма „Ѓаволот носи Прада“ ( „The Devil Wears Prada“)по речиси две децении, како и за „Смртоносна борба II“ („Mortal Kombat II“).

Со почетокот на летото следуваат вистинските блокбастери: Ѕвездени војни: Мандалоријанецот и Грогу“ („Star Wars: The Mandalorian and Grogu“), Господари на Универзумот“ („Masters of the Universe“),„Приказна за играчки 5“ („Toy Story 5“),Миньони 3“ („Minions 3“) и новиот филм за Спајдермен, : „Спајдермен: Нов почеток“ („Brand New Day“), а есента ќе донесе уште еден бран преработки и ребутови, меѓу кои „Притајено зло“ ( „Resident Evil“),„Уличен борец“ („Street Fighter“) и „Практична магија 2“ (Practical Magic 2“), како и филм посветен на негативецот од „ДЦ“ универзумот, Клејфејс. Планирани се и нови адаптации на „Мачорот со шеширот“ („The Cat in the Hat“) и „Игрите на глади: изгрејсонце а денот на жетвата“ („The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“).

Крајот на годината е резервиран за најголемите судири на благајните: Осветници: Ден на пропаста“„ („Avengers: Doomsday“) и „Дина: Трет дел“ („Dune: Part Three“) ќе ја делат истата премиерна дата во декември, додека публиката ќе добие и нови продолженија на „Џуманджи“ („Jumanji“,) „Лути птици“ („Angry Birds“) и „Насилен Божиќ“ („Violent Night“).

Иако дел од критичарите сè погласно зборуваат за недоволна креативност во Холивуд, бројките покажуваат дека публиката и понатаму реагира на познати приказни и ликови. 2026 година, според најавите, ќе биде уште еден тест за тоа дали носталгијата и препознатливите филмски изданија се доволни за да ги наполнат кината.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 5