Connect with us

Тенис

Даниловиќ од 0:4, до 6:4 во решавачкиот сет против Венус Вилијамс

Српската тенисерка Олга Даниловиќ успеа да избори пласман во второто коло на Австралија опен, откако со 2:1 во сетови (6:7(5); 6:3 и 6:4) ја совлада ветеранката Венус Вилијамс. Притоа Даниловиќ во решавачкиот сет направи пресврт од 0:4 во гемови стигна до 6:4 и го доби третиот сет и мечот.

Инаку, Американката Венус Вилијамс првиот сет го доби со 7:6 и 7:5 на поени, а Даниловиќ изедначи освојувајќи го вториот сет со 6:3 во гемови.

Пласман во следната рунда обезбеди првата носителка Арина Сабаленка, додека изненадување направи квалификантката од Турција Зејнеп Сонмеж (ВТА ранг 112.место), која ја елиминираше 11.та носителка Екатерина Александрова. За време на мечот во вториот сет на едно од девојчињата кои ги собираат топките и се слоши и мечот беше во прекин шест минути. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4