Connect with us

Хроника

Лишени од слобода две лица од Кавадарци, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи

Лишени од слобода биле две лица од кавадаречко Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи. 

Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни – работи Велес, вчера попладне во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци лишиле од слобода две лица од кавадаречкото село Марена.

При извршување службени задачи во селото Марена, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“, што го управувало едното лице, а другото било сопатник. Притоа, пронајдени и одземени биле огревни дрва без соодветна документација и без жиг.

– Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР – Велес.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3