Connect with us

Здравје

Научниците успеаја да подмладат човечки јајце-клетки – повеќе шанси за успех на ин-витро оплодувањето

Научниците успеаја првпат „да подмладат“ човекови јајце-клетки. Тоа би можело значително да ја зголеми стапката на успех на ин-витро оплодувањето (ИВФ) кај повозрасни жени, покажаа најновите резултати од истражувањето.

Експериментот посочува дека дефектите поврзани со возраста, коишто предизвикуваат генетски грешки кај ембрионите, можат да се намалат со додавање на протеин Шугошин 1) во јајце-клетките. Во испитувањата врз јајце-клетки дарувани во клиника во Кембриџ, третираните клетки покажаа речиси половина од веројатноста за хромозомски дефекти во споредба со нетретираните. Кај жени над 35 години, дефектите беа намалени од 65 отсто на 44 отсто. Директорката на Институтот „Макс Планк“ и со-основачка на компанијата „Ово лабс“, проф. Мелина Ших го опиша ова како „многу значајно подобрување“.

Гинеш Тејлор од Универзитетот во Единбург ја опиша работата како „навистина ветувачка“ и рече дека инјекцијата што го зголемува бројот на јајце-клетки со правилно организирани хромозоми би можела да обезбеди подобра почетна точка за успех на ИВФ. Опаѓањето на квалитетот на јајце-клетките е главна причина за пониските стапки на успех на ИВФ и поголема опасност од хромозомски абнормалности кај повозрасните мајки.

Сегашните процедури, како што се повеќекратни циклуси на ин-витро оплодување или интрацитоплазматска инјекција на сперма – не го решаваат проблемот со генетските дефекти кај јајце-клетките. Истражувачите планираат натамошни испитувања и консултации со регулаторните органи за клинички испитувања, со цел подобрување на квалитетот на јајце-клетките и, со тоа – зголемување на шансите за бременост во првиот циклус на ин-витро оплодување.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 5