Connect with us

Тенис

Ѓорческа ја мина првата пречка во квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0) за 62 минути. 

Ѓорческа и Краус на почетокот од мечот водеа неизвесна борба, а првиот брејк го направи австриската тенисерка (108 на ВТА ранг-листата) и потоа стигна до предност од 4:2 во гемови. Во деветтиот гем Ѓорческа спаси две сет топки и намали на 5:4, а во следните три гема на противничката и препушти само два поена.

Во вториот сет македонската тенисерка ја продолжи серијата со освојување гемови и со претходните три стигна до девет гемови во низа откако вториот сет го освои без загубен гем.

Следна противничка на Македонката е Тамара Зиданшек од Словенија, која со 2:0 ја победи Французинката Џесика Понше

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 5