Connect with us

Тенис

Полска ја победи Швајцарија во финалето на Јунајтед купот

Полска ја победи Швајцарија во финалето на Јунајтед Купот во 2026 година со резултат од 2-1.

Во мешани двојки, Полјаците Катаржина Кава и Јан Зиелински ги победија Белинда Бенчиќ и Јакуб Пол во два сета, 6:4 и 6:3.

Во натпреварот во женска конкуренција, Швајцарката Белинда Бенчиќ ја совлада Ига Швјонтек со 3:6, 6:0 и 6:3. 

Кај машкиот дуел, Полјакот Хуберт Хуркач го победи Швајцарецот Стен Вавринка со 6:3, 3:6 и 6:3.

Во 2024 година, Полска загуби од Германија во финалето, а во 2025 година загуби од САД. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3