Connect with us

Вести

Клековски: Работиме на ревизија на критериумите за боледување, истоштени сме од барања на фирми за нивна контрола

Работиме на ревизија на критериумите за боледување каде е неопходно да постигнеме баланс меѓу потребата за лесна достапност до боледување за тие што имаат потреба, а од друга страна да ги спречиме злоупотребите – истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски.

Тој посочи дека има значителен број злоупотреби на боледувањата.

– Истоштени сме од правење постојани контроли на барање на фирми или установи за контроли на боледувањата, додаде Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по склучувањето договор меѓу ФЗО и Природно-математичкиот факултет, со кој лабораторија за молекуларна биологија и геномика ќе почне со изведување најсовремени молекуларно-дијагностички процедури, вклучувајќи ги и генетските анализи за онколошки заболувања.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2