Connect with us

Свет

Пентагон му ги намалува чинот и пензијата на сенаторот Марк Кели

Американскиот секретар за војна Пит Хегсет најави дека ќе го намали воениот чин на сенаторот Марк Кели, пензиониран капетан на морнарицата, поради „непромислено и неодговорно однесување“.

Поводот за оваа одлука се изјавите на Кели и на други демократи кои упатија порака до војниците дека имаат право да одбијат извршување наредби, доколку тие се незаконски. Хегсет појасни дека деградирањето ќе резултира со намалување на пензиските примања на Кели, како и официјален укор во неговото досие.

„Фактот што капетанот Кели во моментов е актуелен сенатор на САД не го ослободува од одговорност. Нови прекршувања може да доведат до дополнителни мерки“, напиша Хегсет на социјалната мрежа „Икс“.

Иако оваа мерка е исклучително ретка, таа е поблага од првичните закани на администрацијата на Трамп, која размислуваше за повторно активирање на Кели во воена служба за да му се суди пред воен суд за „поттикнувачко однесување“.

Кели, кој е поранешен астронаут и одликуван ветеран, заедно со своите колеги ги бранеше своите позиции, тврдејќи дека само потсетиле на она што го предвидува законот. Пентагон минатата недела започна официјална истрага за случајот, тврдејќи дека апелите до војската ги преминале дозволените граници. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3