Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Челзи стравуваат дека заминувањето на Мареска ќе влијае негативно на тимот

Фудбалерите на Челзи се нервозни поради разделбата со главниот тренер Енцо Мареска, објавува „Атлетик“.

Многу играчи уживале во работата под водство на 45-годишниот Италијанец, а атмосферата во тимот била позитивна.

Играчите на Челзи сега стравуваат дека заминувањето на Мареска ќе влијае негативно на тимот и на расположението во соблекувалната.

На 1 јануари, Челзи го отпушти Мареска, кој беше на чело од летото 2024 година. Под водство на 45-годишниот Италијанец, „Сините“ од Лондон ја освоија Конференциската лига и Светското клупско првенство. 

По 19 натпревари, Челзи е шести во Премиер лигата со 30 бода. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5