Connect with us

Туризам

5 од 35 најегзотични дестинации за вашиот летен одмор

Живееме на прекрасна планета која нуди безброј живописни пејсажи, тропски места кои нудат уживање како во рајот, вулкани обвиткани во магла и неверојатни егзотични плажи.

Доколку сеуште не сте се одлучиле или не знаете каде да го поминете вашиот летен одмор, еве неколку предлози од кои што и да одберете, не постои веројатност да погрешите

1. Которскиот залив, Црна Гора
Едноставно познат како Бока, овој магичен (ветровит) залив ќе ве освои со своите смарагдни води и живописните планини. Крајбрежните куќички и прекрасните средновековни градови како Пераст, се места каде што ќе може да запрете за оброк и да комуницирате со локалното население.

2.Петра, Јордан
Издигнатата карпа помеѓу Црвено и Мртво Море – изгубениот град Петра, сеуште има своја мистерија која треба допрва да се открие. Таа има неколку гробови и врежани структури раширени низ песочниот пејсаж. Таму се снимени многу сцени на легендарниот холивудски блокбастер Индијана Џонс како и Последната крстоносна војна.

3.Оризовата Лонгшенг Тераса, Кина
Овие неверојатно убави терасовидни оризови полиња го добија името Змејски ‘рбет, бидејќи оризовите тераси личат на скали од змеј, додека пак врвот на планината изгледа како негов ‘рбет.

4.Гозо, Малта
Волшебниот остров Гозо е составен дел на Малтешкиот архипелаг. Освен фактот дека е една од најдобрите нуркачки дестинации на Медитеранот, тој може да се пофали и со мистичните води, историски тврдини и неверојатни панорами, на кои никој не останува рамнодушен.

5.Големата сина дупка, Белизе
Оваа длабока подморничка дупка со изглед на леѓен, е прва на листата на желби на секој нуркач. Дури и ако не сте уживатели на било која активност на и под вода, за неверојатниот поглед на големата сина дупка, вреди барем да летате над неа.

.