Свет
Поранешниот претседател на Боливија, Арсе приведен под обвинение за корупција
Поранешниот претседател на Боливија, Луис Арсе е приведен под обвинение за корупција.
– Оние што крадеа од оваа земја ќе вратат сè и ќе одговараат пред суд, изјави боливискиот потпретседател Едманд Лара.
Арсе е обвинет за проневера на средства од Фондот за домородни народи во периодот од 2006 до 2014 година, кога беше министер за економија во левичарската влада на претседателот Ево Моралес.
Тој е обвинет и за занемарување на должноста и економски кривични дела поврзани со управувањето со Фондот.
Наследникот на Арсе, Родриго Паз Переира од центристичката Христијанско-демократска партија, положи заклетва на почетокот на минатиот месец. Промената на власта става крај на речиси две децении левичарски влади во Боливија.
декември 12, 2025

