Свет
Трамп: САД запленија танкер во близина на Венецуела
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека армијата запленила танкер во близина на Венецуела.
– Тукушто запленивме танкер кај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот досега, изјави синоќа Трамп, додавајќи дека очекува „да се случат и други работи“.
Додека американската државна обвинителка Пам Бонди наведе дека запленетиот танкер е дел од „незаконската мрежа за транспорт на нафта, што поддржува странски терористички организации“. Таа посочи дека запленетиот танкер бил предмет на санкции од Венецуела и Иран.
Бонди објави и видеоснимка од запленувањето на танкерот.
Телевизијата Си-би-ес јави дека запленет е танкерот „Скипар“, на кој САД во 2022 година воведе санкции поради наводни врски со Иран и либанското движење Хезболах.
Владата на Венецуела го осуди запленувањето на танкерот како „дрска кражба“ и чин на пиратство.
декември 12, 2025

